X
 18.06.2019 Технологија

Германците ќе можат да ги користат ајфоните како лични карти

Наскоро, оперативниот систем на ајфоните, „Ајос 13“, ќе може да ги вчитува и официјалните документи како личните карти, а Германија ќе го воведе тоа како можност.

Така, новиот софтвер на „Епл“ на жителите ќе им овозможи да ги скенираат личните карти, дозволите за престој и биометриските пасоши на нивните ајфони.

Ова не е првата најавена поддршка за идентификација. И Јапонците ќе можат да ги скенираат личните карти, додека Велика Британија ќе ги користи за да им овозможи на граѓаните на ЕУ да ги скенираат пасошите, без оглед дали ќе се случи Брегзит или не.

Ова не мора да значи дека ќе биде во широка употреба. Додека „NFC“ (Near-field communication) системот е сигурен, Германија е добро позната по тоа што има висока свест за приватноста - луѓето можеби нема да сакаат да ги зачуваат нивните лични карти на ајфоните, дури и ако се добро заклучени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија