На социјалните мрежи постојат компјутерски генерирани инфлуенсери. Станува збор за виртуелни личности управувани од страна на брендови или медиумски агенции. На платформата „Мета“ веќе има над 2.000 виртуелни инфлуенсери, а ги има и на „Тик-ток“, „Јутјуб“ и „Линкдин“.
Микела Суса, позната како Лил Микела, има 19 години и е една од највлијателните личности во светот според списанието „Тајм“. Таа објавува песни, разговара со славни личности и учествува во разни кампањи, но не е реална, туку е виртуелна личност. Таа има над 3 милиони следбеници на социјалните мрежи.
Се проценува дека компјутерски генерираните личности имаат трипати повеќе ангажираност на „Инстаграм“ од вистинските луѓе.
Друга виртуелна личност е Чуду Грам, која е првиот дигитален модел. Таа била на насловни страници на модни списанија, а често „носи“ шминка од познати брендови.
Првиот дигитален инфлуенсер во Јапонија е Лиам Никуро, а тука е и инфлуенсерката Роузи.
Овие инфлуенсери се исплатливи и со нив бргу може да се создаде содржина и не мора да се патува до одредена локација за фотографирање. Тие се идеални за соработка бидејќи ги контролираат нивните креатори и мали се шансите дека ќе направат грешка.
Освен тоа, тие очигледно изгледаат многу реалистично бидејќи се проценува дека околу 42 отсто од генерацијата З и милениумците кои ги следат овие инфлуенсери не знаат дека тие се виртуелни.
Извор: Lola magazin
Насловна фотографија: Instagram