X
 18.07.2018 Наука

Илјада билиони тони дијаманти откриени длабоко во внатрешноста на Земјата

Користејќи звучни бранови, геолозите откриле огромни скапоцени камења длабоко во внатрешноста на Земјата, речиси илјада билиони тони.

Истражувањето започнало кога меѓународен тим истражувачи сакале да решат долгогодишна геолошка мистерија - да откријат кои видови карпи сочинуваат различни делови од планетата со проучување на сеизмичката активност. Во суштина, звучните бранови создадени како резултат на земјотреси или вулкански ерупции патуваат со различна брзина преку различни видови карпи.

dijamant
Фото: Depositphotos


Но една област не се однесувала како што очекувале. Кратоните се најстарите и најнеподвижните плочи на карпата на (или во) Земјата, со корени што се протегаат од центарот на тектонските плочи до длабочина до 320 километри.

- Брзините што се мерат беа поголеми од она што мислиме дека можеме да го репродуцираме со разумни претпоставки за тоа што има таму. Така почна проектот - вели Улрих Фол, автор на истражувањето.

За да открие како би можеле да се создаде кратонските корени, тимот ги проучувал сеизмичките податоци собрани од страна на американското геолошко истражување и други организации, за да создаде 3Д-модел за тоа како овие бранови пропагираат низ кратоните. Потоа, тие ги симулирале звучните бранови што се движат низ широк спектар на различни комбинации на типови карпи за да го најдат оној што одговара на забележаните брзини.

На крајот, само еден посебен карпест рецепт произвел исти брзини на звучни бранови. На кратоните им била потребна содржината на дијамантите од околу 1 до 2 отсто.

Ова можеби не звучи многу како дијамант, но со оглед на целиот обем на кратони на Земјата, тимот проценува дека таму може да има околу илјада билиони тони - околу 1.000 пати повеќе дијаманти отколку што претходно било познато.

- Ова покажува дека дијамантот можеби не е егзотичен материјал, туку на геолошка скала тој е чест - вели Фол.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука