X
 12.08.2022 Наука

Има цврст доказ дека континентите се создале по удари на метеори

Научниците откриле силен доказ дека континентите биле создадени по удари на огромни метеори во минатото. Ударите од метеори биле особено чести за време на првите милијарда години од постоењето на нашата планета, според истражувачи од универзитетот „Картин“.

Теоријата дека континентите се формирале на местата на удари на метеори постои со децении, но имало малку докази за тоа, сè досега, објаснил научникот Тим Џонсон.

- Со истражување на мали кристали од минералните циркони во карпите од Пилбара Кратон во западна Австралија, што претставува најдобро зачуван остаток од старата кроа на Земјата, најдовме доказ за овие огромни удари на метеорити - објаснил Џонсон.

Според него, новото истражување претставува прв цврст доказ дека процесите кои ги создале континентите започнале со големи удари на метеорити, слични на оние кои довеле до изумирање на диносаурусите, но кои се случиле милијарди години порано.

- Податоци поврзани со други предели на старата континентална кора на Земјата се слични на оние во Западна Австралија - додал Џонсон.

Извор: Sky news
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука