Научниците утврдија дека палците на нозете се последниот дел што еволуирал на човековото тело.
Кога нашите предци почнале да одат на две нозе, тие истовремено се движеле и по дрвјата, држејќи се со стапалата за гранките. Тие различно оделе по земјата, но можеле ефикасно да се движат. Големиот и цврст палец им дал сила за одење и трчање, посочуваат експертите во најновата студија.
Научниците направиле 3Д-слика од ножниот палец на живи роднини на човекот и од фосили од далечни предци, вклучително и од примати како мајмуните и горилата, а потоа ги споредиле со палците на сегашните луѓе. Собраните податоци биле ставени на еволуциско стебло, откривајќи го времето и текот на развојот на човечкото стапало. Главното откритие е дека обликот на коските во палците еволуирал многу доцна во споредба со останатите коски што ги истражувале.
Причината поради која нашите предци почнале да одат исправено сѐ уште е тајна, но има многу идеи.
Студиите како оваа посочуваат дека нашите предци можеле да одат исправени пред милиони години, но уште долго не можеле да одат баш како
современиот човек.
Новото истражување потврдува и дека предците ги користеле нозете за да земаат предмети.