X
 18.08.2019 Живот

Една германска компанија одлучила талогот од кафето да го примени за корисни цели

Малата берлинска компанија „Кафеформ“ создава чаши за кафе користејќи го талогот што инаку се фрла в ѓубре. Овие чаши можат да се рециклираат и повторно да се користат, а креаторите на идејата се надеваат дека на овој начин ќе се намали употребата на пластика и слични материјали.

Креатор на идејата е Џулијан Лехнер, кој вели дека сè почнало во 2009 година кога тој се запрашал што се случува со талогот од кафето. Потоа сфатил дека талогот повторно може да се искористи и така се родила идејата.

Екипата на „Кафеформ“ секој ден ги посетува кафулињата во Берлин, го собира талогот и со велосипед го носи до компанијата. Собраниот талог се вади од кутијата и се испраќа на друга локација на сушење и понатамошна преработка. За изработка на една чаша за еспресо се потребни шест шолји талог.

- Наша главна цел е да им покажеме на луѓето колку е важно да рециклираат и да бидат еколошки свесни - вели Лехнер.

Шолјите и чашите што ги произведува „Кафеформ“ се користат во 20 кафулиња во Берлин и на повеќе од 150 места во Европа.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот