X
 10.10.2017 Здравје

Сепак, кафето помага за подолг живот

Велат дека веруваме во тоа што ни одговара. Во овој случај, љубителите на кафе ќе сакаат и тоа како да веруваат во најновата студија која тврди дека луѓето што пијат повеќе кафе живеат подолго.


Студијата била спроведена на речиси 20 илјади луѓе што живеат на Медитеранот и пијат барем 4 шолји кафе секој ден. Тие биле испитувани за нивниот животен стил, здравје и навики во врска со пиењето кафе. Студијата траела 10 години. Просечната возраст на учесниците е 37 години, а за време на тој период од 10 години, 337 од нив починале.

Откриено е дека во споредба со луѓето што никогаш или многу ретко пијат кафе, вистинските љубители имаат за 64% помалку ризик за прерана смрт. Двете дополнителни шолји кафе дневно се поврзуваат со 22% понискиот ризик за смртност.

Се покажало дека придобивките од пиењето кафе се најсилни кај луѓето на возраст над 45 години, што значи дека кафето има поголем позитивен ефект како што старееме. Пиењето 4 шолји кафе дневно сега се поврзува со здрав начин на живот.

Откритијата се слични со друга студија од 2015 година кога е откриено дека оние што пијат бескофеинско кафе имаат помали шанси за прерана смрт. И други студии го поврзуваат кафето со понизок ризик од развивање дијабетес тип 2 и здрав црн дроб.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје