Ако постои нешто што го сакаме, тоа се оптичките илузии. Тие се одличен потсетник за тоа дека начинот на кој го перципираме светот не е објективен, туку е под влијание на сѐ - од биологијата на вашите очи до начинот на кој мозокот ги процесира фотографиите.
Натпреварот за најдобра илузија ги прославува најдобрите визуелни илузии, а неодамна беа објавени и топ-10 финалисти за 2018 година. Ова се некои од нив.
Илузијата „Окото на црвот“ - Мајкл Пикарди и Гурприт Синг, Британија
Единственото нешто што се менува во оваа слика се боите на линиите на црвот. Автоматски ги гледате посилните бои во преден план, а посветлите бои како заднина, со што се создава илузија на движење.
„Тројно нејасен предмет“ - Кокичи Сугихара, Јапонија
Оваа дводимензионална слика поставена на хоризонтална површина се појавува како три различни тродимензионални структури.
„Дансвинг хартија“ - Такахиро Кавабе, Јапонија
Само со менување на бојата на заднината можете да направите статичните форми полека да ја менуваат позицијата.
„Илузија на движење“ - Дејвид Филипс, Прискила Херд и Кристофер Тајлер, Британија
Ова покажува илузии на две различни движења.
„Сквиш Сквош илузија“ - Стујарт Анстис и Патрик Каванаг, САД и Канада
Кога осветлувате предмет на или близу текстура што се движи, се чини дека ја менува
позицијата или формата.
Сите финалисти можете да ги погледнете
ТУКА.