X
 09.02.2020 Живот

Најдобрите на натпреварот за фотоновинарство го прикажуваат најдоброто и најлошото од човештвото

Од климатски промени до демократски востанија против пристрасни и насилни власти, јасно е дека 2019 година беше клучна за граѓаните низ целиот свет. Во овој контекст бесплатната апликација „Агора“ го лансира својот прв конкурс за фотографии и фотоновинарство за на фотографите да им даде начин да стават светлина на одредени проблеми. Натпреварот собра повеќе од 12.320 апликации од фотографи-аматери и професионалци од целиот свет.

„Млади пиштоли“, неверојатна слика на група деца од Филипини кои играат со играчки-пиштоли, освои најмногу гласови, донесувајќи му награда на фотографот.

- Луѓето што успеваат да се најдат на вистинско место во вистинско време можат да станат потенцијални новинари за цело човештво. Преку #Photojournalism2020 имаме цел да ги откриеме најдобрите информативни слики од луѓето низ светот. Секој што поседува камера може да создаде интересна содржина. Чувствуваме дека дојде време луѓето од целиот свет да станат главни протагонисти: резултатот е најдобриот израз на човештвото, во различни теми, форми и формати. Веруваме дека секоја гледна точка е важна и дека нашата мисија е да генерираме платформа каде што корисниците можат да создадат и да гласаат за најдобрите креации на хуманоста - рече извршниот директор и соосновач на „Агора“.

Ова се победничките фотографии и второпласираните.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот