Размислувате за кариера како неврохирург или ракетен научник? Можеби тоа е полесно отколку што мислите. Професионалците од овие две дисциплини не секогаш се поинтелигентни од другите, покажува истражување.
Истражувачите побарале од 329 инженери за воздухопловство и 72 неврохирурзи да решат тест за проверка на нивната интелигенција. Резултатите покажале дека овие професионалци не се многу поинтелигентни од јавноста во Обединетото Кралство.
Тестот за интелигенција имал прашања за тестирање на помнењето, обрнувањето внимание и препознавање емоции. Резултатите потоа биле споредени со податоци од 18.000 случајни испитаници.
Фото: Pixabay
Било откриено дека неврохирурзите имале значително подобри резултати од инженерите на тестовите за семантика, додека инженерите биле подобри во забележување детали и на прашањата со ментална манипулација, како ротирање слики од предмети во главата.
Меѓутоа, во споредба со резултатите од генералната јавност, инженерите немале значителни разлики во кој било од тестовите. Неврохирурзите биле подобри во брзината на решавање проблеми, но послаби во помнењето.
Извор:
BBC
Фото: Pixabay