X
 19.01.2022 Образование

Бесплатни онлајн курсеви што почнуваат во 2022

Без разлика дали сакате да учите програмирање или да научите некои совети за посреќен живот, веројатно е дека има онлајн курс за тоа што го барате, а можеби е и бесплатен. Платформите како „Курсера“ нудат илјадници бесплатни онлајн-курсеви од светски универзитети и познати компании. Во продолжение следуваат некои што почнуваат оваа година.

Курсеви за личен развој

- „Науката за благосостојбата“, Универзитет „Јејл“;
- „Менување на размислувањето: Срушете ги пречките до учењето и откријте го скриениот потенцијал“, Универзитет „Мекмастер“;
- „Вовед во психологија“, Универзитет „Јејл“;
- „Размисли повторно 1: Како да ги разберете аргументите“, Универзитет „Дјук“;
- „Креативно решавање на проблеми“, Универзитет на Минесота.

Компјутерски науки

- „Алгоритми, Дел 1“, Универзитет „Принстон“;
- „Вовед во програмирање со МАТЛАБ“, Универзитет „Вандербилт“;
- „ХТМЛ, ЦСС и Јаваскрипт за веб-девелопери“, Универзитет „Џонс Хопкинс“;
- „Направете ја првата апликација за Андроид“, „Централ супелек“;
- „Компјутерски науки: програмирање со цел“, Универзитет „Принстон“.

Бизнис

- „Успешно преговарање: основни стратегии и вештини“, Универзитет во Мичиген;
- „Финансиски пазари“, Универзитет „Јејл“;
- „Маркетинг-анализа“, Универзитет на Вирџинија;
- „Лично и семејно финансиско планирање“, Универзитет на Флорида;
- „Менаџмент на компании за мода и луксузни производи“, Универзитет „Бокони“.

Здравје

- „Вовед во исхрана и здравје“, Универзитет „Стенфорд“;
- „Социјална психологија“, Универзитет „Веслијан“;
- „Живот на среќа и исполнетост“, Индиска бизнис-школа;
- „Вовед во човечка физиологија“, Универзитет „Дјук“;
- „Науката на вежбањето“, Универзитет на Колорадо, Булдер;
-„Управување со емоции во време на несигурност и стрес“, Универзитет „Јејл“.

Облак и технологија

- „Машинско учење“, Универзитет „Стенфорд“;
- „Основи на обработка во облак“, „Лрнквест“;
- „Основи: податоци, податоци, насекаде“, „Гугл“;
- „Вештачка интелигенција за сите“, „Дип лрнинг“.

Јазици

- „Англиски за развој на кариерата“, Универзитет на Пенсилванија;
- „Почетен корејски“, Универзитет „Јонсеи“;
- „Кинески за почетници“, Пекингшки универзитет;
- „Пишување професионална електронска пошта на англиски јазик“, „Џорџа тек“;
- „Проблематичен изговор на американскиот англиски јазик“, Универзитет на Калифорнија, Ирвин.

Уметност и општествени науки

- „Вовед во филозофија“, Универзитет на Единбург;
- „Гитара за почетници“, музички колеџ „Беркли“;
- „Модата како дизајн“, музеј „Метрополитан“;
- „Правење архитектура“, бизнис-школа ИЕ.

Математика, логика и наука за податоци

- „Математички вештини за наука за податоци“, Универзитет „Дјук“;
- „Ес-кју-ел за наука за податоци“, Универзитет на Калифорнија, Дејвис;
- „Вовед во калкулус“, Универзитет на Сиднеј;
- „Вовед во статистика“, Универзитет „Стенфорд“;
- „Теорија на игра“, Универзитет „Стенфорд“.

Физика, астрономија и инженерство

- „Како функционираат нештата: вовед во физиката“, Универзитет на Вирџинија;
- „Астрономија: истражување на времето и просторот“, Универзитет на Аризона;
- „Компјутерска архитектура“, Универзитет „Принстон“;
- „Хемија“, Универзитет на Кентаки;
- „Како да напишеш и објавиш научен труд“, Политехничка школа.

Извор: Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование