„Лучија смарт“ е мала кабина обложена со стакло во Инари, Финска, дизајнирана да обезбеди панорамски поглед на околината и на небото.
Нејзината стаклена надворешност слична на огледало ја рефлектира зелената околина, дозволувајќи ѝ да „исчезне“ меѓу дрвјата.
Кабината, дизајнирана од
финската компанија за градежно стакло „Савон Ласитоуте“, може да се користи или како сместување или како работен простор.
- Нашата цел беше да дизајнираме простор што ќе овозможи да се доживее природата во сета нејзина величествена убавина од удобноста на креветот - велат од компанијата.
Кабината се доставува до локацијата, подготвена за употреба, и може да се инсталира на темели и да се поврзе со инфраструктурата според упатствата на производителот.