X
 15.09.2020 Образование

Ова финско глобално онлајн-училиште ги поместува границите на учењето на далечина

Учењето на далечина може да биде најдоброто нешто за непрекинато образование за учениците и од основно и од средно образование во 2020 година. Како родител, можеби размислувате за опцијата учење на далечина. А Финска има интересен пристап што може да ве интересира.

„Фински училишта - интернационално“ е мрежа на училишта главно во Источна Европа што неодамна воведе глобално онлајн-училиште. Познато како „Еф-си-ај џи-о“, ова онлајн-училиште ветува дека може да овозможи образование за децата насекаде низ светот. Еве што треба да знаете за ова училиште.

Програмата на училиштето е инспирирана од финскиот образовен систем


Образовниот систем на Финска има повеќедецениска репутација како еден од најдобрите во светот. Сега децата од целиот свет ќе можат да пристапат и до ова образование. „Еф-си-ај џи-о“ обединува иновативна меѓународна мрежа на училишта изградена врз финскиот систем.

Во ова онлајн-училиште ви се наплатува само она што можете да си го дозволите


Ова училиште има цел да биде прифатливо во цената за да го прошири овој пристап до повеќе деца  низ светот. Затоа, можете да плаќате месечно. Колку ќе платите, зависи од модулот за цени во три нивоа заснован на БДП по глава на жител на вашата земја. Може да го промените училиштето на вашето дете во секое време.

Ја комбинира моќноста на над 60 технолошко-образовни апликации

Нормално, ова онлајн-училиште ги користи повеќеслојните функции на апликациите за технолошка едукација. Учениците можат да експериментираат во виртуелни лаборатории, да научат да кодираат или да научат нов јазик или инструмент преку асортиман на апликации. Учениците дури и секое утро го пријавуваат своето расположение и благосостојба на апликацијата наречена „Училиштен ден“.

ucenje
Фото: Freepik

Водена од наградувани наставници, напојувана од вештачката интелигенција


Наставниците играат клучна улога во успешното водење на онлајн-учењето. Во ова училиште работат топ-10 финалисти од Глобалната награда за наставници, како и национални добитници на наградата за најдобар наставник.

- Убедени сме дека тоа што оставивме наставниците да водат не само што овозможи создавање на одлични курсеви туку и дизајнирање и кокреирање на училиштето за кое сонуваат, а тоа ќе резултира со искуство од светски ранг - вели Алејтин Бериша, основач и извршен директор на „Еф-си-ај“.

Наставниците и туторите се достапни 24 часа, седум дена во неделата и тие го следат напредокот на секој ученик користејќи систем за следење преку интернет до кој имаат пристап и родителите и учениците. Исто така, родителите и учениците добиваат месечни извештаи за напредокот. Дополнително, процените се засноваат на постојана евалуација и повратна информација.

Учениците можат сами да ја создаваат патеката за учење

Онлајн-училиштата како ова им даваат поголема моќ на учениците. Учениците можат сами да ја создаваат патеката за учење. Во патеката се издвојува времето што го поминуваат додека учат некој предмет, моделот на учење, како и соучениците.

Без оглед дали вашето дете е навикнато на британска, американска или меѓународна наставна програма, може да се приклучи во ова училиште користејќи ги стандардите за секоја наставна програма.

Извор: Studyinternational.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование