X
 28.01.2024 Живот

Хотел на работ на светот - еден вид метафора за враќање во природата

Длабоко во Арктичкиот Круг, мал број туристи можат да наидат на прилично неочекувана глетка. На островот Срвар постои хотел изграден на ветровитите карпи. Малиот хотел кој се наоѓа на работ на светот наречен „Арктик хајдавеј“ има само четири модерни кабини за спиење.

Островот Срвар се наоѓа на 40 минути од норвешкиот брег и е толку далеку од сè, што следното најблиско парче земја е источниот брег на Гренланд. Животот на островот е прилично едноставен и уникатен, па така и овој хотел.

„Арктик хајдавеј“ нуди посебно искуство каде што гостите треба напорно да патуваат за да ја искусат вистинската и сурова природа. Тие доаѓаат тука за да се одморат од урбаниот свет и да откријат вистинска вредност. Всушност, ова е и целата идеја на сопственикот, кој првично го дизајнирал хотелот како креативен простор за работа.



Хотелот е отворен девет месеци во годината и има мали кабини за спиење бидејќи ги поттикнува гостите да поминуваат повеќе време на отворено или во заедничка просторија. Гостите прво се запознаваат со ограничените ресурси на островот, а од нив се бара да се приспособат на импровизацијата, бидејќи тоа е неопходно во такви услови.



Во хотелот нема минибар и ТВ. Кабините за спиење се дизајнирани да одговараат на креветот и ништо повеќе, така што фокусот е на природата. Нема завеси на прозорците, нема слики на ѕидовите. Всушност, работите се редуцирани и спартански.

Хотелот претставува еден вид метафора за враќање во природата. Сопственикот оди толку далеку што храната што им ја нуди на гостите често се наоѓа во природата. Кога велиме се наоѓа, мислиме, на пример, на школки оставени од видри или морски ежови исфрлени покрај морето.



Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот