X
 19.01.2023 Наука

Процесот на стареење може да се врати наназад, покажаа научници

Се верува дека стареењето не може да биде вратено наназад, но ново истражување од страна на научници од лабораторијата „Бостон лабс“ открива дека тоа не е сосема точно.

Во истражувањето, видот и здравјето им биле вратени на слепи глувци. Во текот на истражувањето, кај глувците се развиле поздрави мускули и помлади мозоци. Истовремено, било покажано и дека може да се забрза стареењето кај младите глувци.

Според Дејвид Синклер, еден од авторите на истражувањето, човечките тела имаат резервна копија од нивната млада верзија која може да се активира за да се поттикне регенерација на клетките. Според него, стареењето е предизвикано од оштетувањето на клетките, но и од губењето информации и способноста на клетките да ја читаат оригиналната ДНК, поради што не може да функционираат правилно.

Со други зборови, клетките ја губат способноста да ја читаат ДНК на телото и затоа „забораваат“ да функционираат. Затоа, теоретски стареењето е процес кој може да биде вратен без разлика на возраста.

Научниците допрва треба да разберат како може да се врати наназад стареењето кај луѓето. Во експериментот со глувците тоа било сторено со помош на вбризгување човечки кожни клетки во очите на слепи глувци. Освен што им се вратил видот, на глувците им се подобриле и работата на мозокот, мускулното ткиво и бубрезите.

Синклер и неговиот тим успеале да ги „рестартираат“ клетките кај глувците повеќепати, со што покажале дека процесот на стареење може да биде вратен наназад повеќе од еднаш.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука