Непобитен е фактот дека за децата е исклучително важно да се едуцираат и да научат да читаат, пишуваат, бројат, сметаат... Сето ова подоцна ќе им помогне да бидат успешни. Но, во здраво тело е и здравиот ум па е важно децата да ја сфатат важноста на физичката активност и физичкото здравје.
Во продолжение ви го претставуваме текстот на професор по физичко образование од Канада.
Што е физичката писменост и зошто е таа важна?
Физичката писменост не се разликува од другите видови писменост. Децата не се раѓаат со способност за физичка писменост, исто како што после раѓањето не знаат да читаат или бројат.
Како родители, веројатно запознаени сте со изразите „писменост“ и „сметање“. Училишните табли ја фаворизираат писменоста и сметањето, како начин децата да научат да бидат успешни во сите аспекти на идниот живот.
Сепак, за да успеат во животот, луѓето мораат да поседуваат и ментално и телесно здравје.
Исто како што се учи читањето и математиката, на децата мора да им се даде поддршка и помош во развојот на физичката писменост. Како што никогаш нeма од децата да побараме да читаат пред да ги научат буквите, на ист начин треба да се размислува кога станува збор за физичката писменост.
Што точно подразбира физичката писменост?
Една дефиниција на физичката писменост е дека децата (или возрасните) кои се физички писмени можат да се движат и учествуваат со самодоверба во голем број на физички активности за промовирање на сеопфатниот развој на поединецот.
Физичката писменост не подразбира да се биде одличен само во еден, одреден спорт или некоја активност. Таа подразбира способност на секое дете да учествува во широк спектар на различни дисциплини или во различни спортови како што се трчање, пливање, трамболина, уметничко лизгање, совладување на пречки на отворен простор и други видови на спрот.
Децата кои се физички писмени се во можност максимално да ја искористат забавата и активноста, без оглед на животната средина, годишното време или теренот за игра.
Физичката писменост во училиштата: мултидисциплинаран примена
Покрај тоа што е добра за општата здравствена состојба, физичката писменост има многу други предности.
Истражувањата покажуваат дека многу млади кај кои физичката писменост е недоволно развиена се повлекуваат од физичка активност и спорт. Покрај тоа, тие обично не се во состојба да направат позитивен избор кога станува збор за нивното здравје и слободното време најчесто го поминуваат во активности кои не бараат физички напор и со самото тоа, немаат позитивно влијание врз здравјето.
Поради ова, физичката писменост мора да се развива на мултидисциплинарна основа во училиштата, со оглед на нивната широка примена во учењето. Неопходно е на физичката писменост да и` се даде значење исто како и читањето и пишувањето. На овој начин би се формирала нова, трета категорија на мултидисциплинарни способности.
Одморите од учењето се едноставен и популарен начин физичката писменост да се интегрира во работата во училницата. Кратката физичка активност која наставниците би ја вклопиле во редовниот училишен распоред на децата би им дала можност да се ослободат од вишокот на енергија. Слободното движење во училницата би им овозможило на учениците да одржат високо ниво на вниманеи, што позитивно ќе влијае врз нивната способност да се фокусираат на тековниот процес на учење.
Вклучувањето на едноставна физичка активност и вежба кај децата исто така ги зајакнува вештините во читање и математика.
Важноста на физичката писменост
За жал, веќе неколку години сме сведоци на опаѓање на бројот на деца вклучени во спорт. Постојат многу причини за овој тренд, меѓутоа клучниот фактор кој најмногу влијае е недоволното придавање на важност на физичката писменост.
Зошто физичката писменост не претставува составен дел од детските програми? Една причина е недостатокот на познавање на природната врска меѓу физичката активност и развојот на мозокот.
Како родители треба да инсистираме нашите деца да имаат можности за развивање на физичката писменост. На чист начин на кој се прифаќа дека писменоста и сметањето се витални компоненти на образованието кои децата ги подготвуваат за идниот успех, така и физичката писменост мора да биде составен дел од секојдневното учење.
Поради овие причини неопходно е да се биде упорен за да се осигура децата и младите да ги следат насоките на докторите кои дале препорака за физичка активност: најмалку еден час активност за децата и младите и најмалку 2.5 часа физичка активност за возрасните во текот на една недела.
Родителите би требало да работат со своите деца за да ја стекнат неопходната физичка писменост. Да не забораваме дека физичката писменост не престанува оној момент кога детето ќе заврши со училиштето - со развивање и подобрување на физичката писменост мора да се продолжи и понатаму. Физичкиот развој на човекот трае целиот живот.