Светски популарната серија „Почудни нешта“ (Stranger things) на браќата Дафер го воодушеви светот со четвртата сезона. Покрај познатите лица од претходните три сезони, нова ѕвезда во серијата е српскиот глумец Никола Ѓуричко во улогата на Јури.
Познатиот автор Стивен Кинг напишал на својот профил на „Твитер“ дека би сакал Јури да добие своја серија во која ќе биде главен актер. А за тоа колку на публиката им се допаднал Ѓуричко како Јури, сведочат и многубројните реакции на „Твитер“ и на другите социјални мрежи.
Официјалниот профил на серијата објави компилација од кадрите во кои се појавува Јури.
Извор:
Zena
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)