X
 19.02.2023 Живот

Римски патишта и мостови што се користат и денес

Постојат патишта и градби изградени за време на Римското Царство кои може да се користат и денес.

- Како и други неверојатни споменици што стојат и денес, како да ја докажуваат моќта на Римското Царство, има и неверојатен број римски патишта што уште се користат - се вели во видео објавено на каналот „Интригд мајнд“ на „Јутјуб“.

Некои од овие патишта се Виа Апија во Италија и Виа Домитија, кој вклучува и мост во Јужна Франција. Денес може да се помине и римскиот акведукт „Пон ду гар“ во Франција.

Патишта што биле изградени во римско време денес се користат и во Шпанија, Германија, Романија, Египет, Сирија и Иран. Видеото во продолжение ги покажува сите патишта и мостови изградени во Римското Царство што се користат и денес.


Извор: Open culture
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот