X
 22.10.2015 Живот

Скандалозни афери што ја променија историјата

Историјата е полна со големи љубовни приказни, од Наполеон и Џозефина до принцот Едвард и Валис Симпсон. Секако, тука се и оние непристојните љубовни афери. Оние што почнале како прељубнички врски, а завршиле како најголемите љубовни врски на сите времиња. Ова се најголемите љубовни афери во историјата.

1. Мери Годвин и Перси Биш Шели

Деталите:
Едно од најголемите здружувања во историјата на книжевноста започнало во 1814 година, кога 16-годишната Мери Годвин и оженетиот поет Песи Биш Шели тајно се состанувале на гробот на мајката на Мери, познатата поборничка за правата на жените, Марија Волстонкрафт. Аферата на крајот резултирала трагично: познатата писателка останала бремена, а Шели се разделил од својата сопруга.

Последиците: Љубовниците стапиле во брак неколку години подоцна, откако бремената поранешна сопруга на Шели се удавила во Хајд парк, но нивната бурна врска завршила кога поетот се удавил неколку години подоцна. Сепак, оваа врска родила некои од најголемите книжевни ремек-дела, вклучувајќи го „Франкенштајн“, кој Мари го напишала додека биле на одмор со Шели во Швајцарија и Лорд Бајрон во 1816 година.

2. Катерина Велика и Григориј Потемкин

Деталите:
На секоја голема кралица потребен ѝ е советник, воен стратег, сродна душа и секако играчка. Во случај на Григориј, тој бил човек кој совршено одговарал на сите улоги погоре. Катерина првпат го сретнала Потемкин кога младиот командант (10 години помлад од неа) ѝ помогнал на Катерина додека таа паѓала во очај поради нејзиниот сопруг, царот Петар III во 1762 година. Нивната жешка афера најчесто била „консумирана“ во подрумската сауна во Зимската палата.

Последиците:
Аферата произвела моќен политички сојуз со децении. Како што се зголемуваше улогата на Потемкин во судот, така тој беше сѐ помаргинализиран во спалната соба на Катерина, зголемувајќи го и бројот на мажи во нејзината соба.

3. Чарлс Дикенс и Нели Тернан

Деталите
: Дури и книжевните гиганти не се имуни на средовечната криза. До 1857 година, 45-годишниот викторијански писател беше на врвот на неговата моќ, вистинска книжевна ѕвезда кој исто така бил оженет со 9 деца. Тогаш тој започнал прељубничка афера со Елен Тернан -Нели, надарена млада актерка која била само 1 година постара од 17-годишната ќерка на Дикенс.

Последиците: Аферата го покажаа најдоброто и најлошото од писателот. Бракот на Дикенс се распадна, а неговата 13-годишна врска со Нели продолжи сѐ до неговата смрт, иако тој неуморно (и успешно) се обидувал да го одржува својот двоен живот во тајна. Се верува дека Нели била инспирација за неговите најтемни карактеристики на неговите подоцнежни романи и неколку од нивните ликови, вклучувајќи ја и Естела од романот „Големите очекувања“.

4. Хенри VIII и Ана Болејн

Деталите
: Овој историски пар, портретиран во безброј филмови, книги и телевизиски емисии, долго време го држеше окото на јавната имагинација, иако точните детали на аферата сѐ уште не се јасни. Се чини дека сексуалната врска на Хенри и Ана започнала уште пред да стапат во брак, а бракот на кралот со Катерина од Арагон бил поништен.

Последиците: Обидот на Хенри да го легитимира бракот со Ана доведе до прекин на односите меѓу Англија со Римокатоличката црква, а кратката улога на Ана како втора кралица на Хенри доведе до раѓање на идната Елизабета I и секако обезглавувањето на Ана.

5. Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

Деталите
: Се чини како совршена приказна запознавањето на Тејлор и Бартон за време на снимањето на филмот за уште еден осуден пар „Cleopatra“ (1963). И Елизабет Тејлор и Ричард Бартон во тоа време биле во брак со други, но се чини дека привлечноста меѓу нив била епска, по што следувала жестока афера.

Последиците:
10-годишниот „брак на векот“ стана еден вид реално шоу во 60-тите, постојан магнет за озборување и орди на папараците. Во 1974 година се разведоа, следната година повторно го обновија бракот и кратко време потоа повторно се разведоа.

Листата продолжува. Мирољубивата афера на Џон Ленон со јапонската уметница Јоко Оно не само што помогна да се растури бендот „Битлси“ туку и го растури и неговиот брак со Синтија. 6-годишната врска на адмиралот лорд Хорацио Нелсон со мажената Лејди Ема Хамилтон бил огромен скандал. Џони Кеш и Џун Картер имале љубовна афера сѐ додека конечно не стапија во брак. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот