X
 19.04.2018 Култура

Неверојатни фотографии од Сирија пред и за време на војната

Некогаш се сметала за политичка и воена сила на Блискиот Исток, со богата економија, античка археологија и иновативна ИТ-индустрија. Сето тоа е минато откако во Сирија веќе седум години дивее граѓанската војна во која се вмешани и најголемите светски сили и која стана бојно поле за Русија и западните сили.

Денес, градовите се уништени, а повеќе од 500.000 Сиријци загинале во конфликтите, додека над шест милиони избегале.

Граѓанската војна започна во 2012 година кога половина од некогашната популација влегла во конфликт, поддржувајќи го претседателот Башар ал Асад, додека опозицијата им се придружила на воените сили на другите групи и џихадисти, со што се дозволило неверојатно зајакнување на терористичката организација „Исламска република“.

Иако државата денес е срамнета со земја, некогаш не било така. Сирија била една од земјите со најдолга и најсофистицирана историја во светот. Таа била дел од некои од најголемите царства во светот, вклучувајќи ги египетското, персиското и романското.

Сириските градови биле преполни со енергија, имало многу пазари, кои биле главно место за средба на сите жители. Сиријците имале посебен вид култура и најдобар начин што го отсликувал менталитетот на овој доста дружељубив народ.

Алепо некогаш важел за еден од првите градови во светот, а денес претрпе најголема штета и е жариште на најкрвавите конфликти. Верувале или не, овој град некогаш бил еден од најголемите индустриски и комерцијални центри во Сирија, додека не го уништи седумгодишната војна.

Погледнете како изгледала Сирија порано.
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура