X
 20.11.2022 Живот

Неверојатни фотографии од снежен леопард на ледените Хималаи ги воодушеви интернет-корисниците

Снежните леопарди на планините покриени со снег се ретка глетка. Сепак, Китија Павловски, фотограф за диви животни од САД, успеа да направи ваква прекрасна фотографија и ја сподели на социјалните мрежи.

Прекрасната фотографија со зраците на полната месечина што се рефлектираат на снежните кристали ги воодушеви интернет-корисниците.



На сликата е прикажан снежен леопард кој седи на поле наречено Алеја на фантомите во глечерот Хумбу, во Непал. Павловски го опишува животното како едно од најнедопирливите животни во светот.

- Снежен леопард седи на врвот на бездна над полето наречено Алеја на фантомите. На 9 октомври, полната месечина ги изми ледените врвови на Хималаите. Снежните леопарди се најактивни околу зори и самрак. Околу 4 часот по полноќ ги облеков чизмите и тргнав на пат. Со 25 килограми опрема се упатив североисточно од Горак Шеп и го поминав коритото на замрзнатото езеро - пишува таа.


Во друга инстаграм-објава, Павловски сподели неверојатни фотографии од снежниот леопард среде Монт Еверест и планината Пумори.

- По патувањето низ најзабранетиот терен на Земјата, ова беше најтешкиот и најубавиот сет на фотографии што некогаш сум ги направила - пишува Павловски.

Извор: Livemint.com 
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот