Роботичката компанија „Бостон динамикс“, која е веќе глобално позната по своите роботски кучиња, објави нова, малку застрашувачка снимка во која демонстрира што можат нејзините четириножни роботи.
На снимката може да се видат десет роботи како синхронизирано маршираат и влечат камион. Роботите се поврзани како да се кучиња што влечат санка, но овие без тешкотии влечат камион.
Од „Бостон динамикс“ најавија дека роботите се произведуваат и дека наскоро ќе се најдат на пазарот.
Роботите „Спот Мини“, кои според најавите од минатата година оваа година би требало да бидат пуштени во продажба, се тешки помалку од 30 килограми, можат да се качуваат по скали и разни видови површини.
Притоа тие можат непречено да носат товар од 31 килограм. Сѐ уште не е
познато колку ќе чинат.