X
 19.04.2020 Наука

НАСА нуди бесплатна виртуелна тура на Марс

Благодарение на технологијата за виртуелна реалност, не мора да купите билет од 500.000 долари за да стигнете на Марс. Сега може да го видите Марс додека седите дома.

Извршниот директор на „Спејс екс“, Илон Маск, кој сонува да испрати луѓе на Марс, претходно изјави дека еден повратен билет до Црвената Планета може да чини помалку од 500.000 долари, а со текот на времето сумата може да стигне и под 100.000 долари.


Фото: Pixabay

Сепак, НАСА има уште поатрактивна понуда за оние што сакаат да го видат Марс, а таа е бесплатна. Вселенската агенција нуди симулатор кој овозможува патување на површината на Марс со роверот „Кјуриосити“.

Оние што сакаат да видат како би изгледало едно патување на Марс може да добијат некаква слика преку веб-страницата accessmars.withgoogle.com.


Фото: Pixabay

Со симулаторот може да се движите по Марс и да истражувате делови од планетата. Виртуелните тури се бесплатни. За најдобро искуство користете компјутер или таблет.

Извор: dailysabah.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука