Компанијата „Спејс-екс“ отвори натпревар во кој победникот ќе добие бесплатно патување до орбитата на Земјата. Среќниот добитник ќе патува до орбитата со уште три лица во текот на годинава.
Џеред Ајсакмен, милијардер кој помага во финансирањето на експедицијата, планира да биде дел од патувањето како пилот на капсулата што ќе однесе четворица во орбитата на Земјата. Астронаутите ќе останат во орбитата повеќе денови, а истовремено ќе се спроведува кампања за собирање донации за детска болница во Мемфис.
„Спејс-екс“ ќе обезбеди тренинг за сите учесници, иако извршниот директор на компанијата, Илон Маск, изјавил дека летот нема да биде многу напорен.
Има
веб-страница на која може да се пријавуваат заинтересираните, а иако пријавувањето е бесплатно, најголеми шанси да бидат одбрани ќе имаат оние што донирале за болницата.
На летот има место и за уште едно лице, кое е предвидено за претприемач кој сам ќе ги покрие трошоците за патувањето, а пријавувањето за ова место се прави
овде.
Автор: Џон Кристијан
Извор:
futurism.com
Фото: Pixabay