X
 07.02.2023 Наука

Откриени 12 нови месечини на Јупитер

Откриени нови 12 месечини што кружат околу Јупитер. Со тоа бројот на месечини што кружат околу оваа планета сега изнесува 92. Досега се сметаше дека Сатурн со нејзините 83 месечини има најмногу месечини во нашиот Сончев Систем.

Астрономите претходно ги забележаа новите месечини на Јупитер во 2021 и 2022 со телескопи во Хаваи и Чиле, но сега откритието е потврдено. Новооткриените месечини се со дијаметар од 1 до 3 километри.

Европската вселенска агенција планира да испрати сонда до Јупитер во април која ќе кружи околу планетата и околу три нејзини месечини. Сондата ќе патува седум години за да стигне до дестинацијата. Следната година американската вселенска агенција НАСА планира да испрати мисија до Европа, една од месечините на Јупитер, за која некои научници мислат дека може да има форми на живот.

Се верува дека многу месечини на Јупитер и на Сатурн се формирале поради судири со поголеми стари месечини и астероиди. Од создавањето на Сончевиот Систем, Јупитер на одреден начин ја штити Земјата од удари од астероиди бидејќи е поголем и со тоа има посилна гравитација.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука