X
 19.06.2020 Технологија

Сателитскиот интернет „Старлинк“ влегува во фаза на тестирање. Илон Маск бара кандидати

Компанијата „Спејс Екс“ постави над 500 сателити во орбитата за својот сателитски интернет „Старлинк“. Компанијата водена од Илон Маск сега бара кандидати што ќе го тестираат интернетот.

Пријавувањето се прави на веб-страницата на „Старлинк“ овде. Сепак, според веб-страницата, компанијата планира да ги покрие северниот дел од САД и Канада во 2020, а очекува да го покрие целиот свет во 2021.


Фото: Pexels

„Старлинк“ има цел да понуди брз интернет на локации каде што пристапот до интернет е непостојан, скап или каде што воопшто нема пристап. Приватното тестирање на интернетот треба да почне летово, а подоцна ќе следува и јавно тестирање.

„Спејс Екс“ ги постави последните 58 сателити за „Старлинк“ во орбитата на 13 јуни, а со тоа целиот број на сателити изнесува 540. Според Маск, тоа е доволно за мала покриеност. 800 сателити ќе обезбедат умерена покриеност. Компанијата има дозвола да постави до 30.000 сателити.

Автор: Виктор Тенгерман
Извор: futurism.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија