X
 01.12.2022 Живот

Маск најави дека ќе се тестираат мозочни чипови на луѓе

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија „Неуралинк“, врз луѓе, да почнат во рок од шест месеци, откако претходно беа пропуштени роковите.

- Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се погрижиме тоа да работи како што треба, пред да го ставиме уредот во човек. Но, мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до ФДА и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот врз луѓе - рече Маск за време на презентацијата.

„Неуралинк“ развива мозочни чипови дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции и да лекуваат мозочни заболувања како што се Паркинсоновата, Алцхајмерова болест или деменцијата. Компанијата спроведе тестови на животни во последниве години, додека чека одобрение за испитувања врз луѓе од американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот