Сите сме имале ситуација кога сме ја платиле такси-услугата малку повеќе. Сепак, треба да знаете дека цените на таксито од земја до земја (драстично) се разликуваат, па така доколку таксиметарот некаде отчукува астрономски износ, тоа воопшто не треба да ве зачудува.
Извршена е споредба на цените во 80 града низ светот, Лондон е дефинитивно меѓу најскапите, а во Каиро можете да се возите речиси за џабе.
10 града во кои такси-услугите се најевтини (цена по километар):
• Каиро - 10 центи
• Бангкок - 15 центи
• Москва - 23 центи
• Мексико Сити - 23 центи
• Џакарта - 26 центи
• Бангалор - 26 центи
• Мумбај - 27 центи
• Пекинг - 29 центи
• Куала Лумпур - 32 центи
• Букурешт - 36 центи
Таксиметарот во Швајцарија подобро да не го погледнувате бидејќи од сумата во Женева и Цирих ќе ви се заврти во главата. Погледнете ја листата со градови каде што такси-услугата е најскапа.
• Цирих - 4,47 €
• Женева - 2,86 €
• Токио - 2,5 €
• Лондон - 2,4 €
• Берлин - 2 €
• Амстердам - 2 €
• Келн - 2 €
• Копенхаген - 1,9 €
• Антверпен - 1,94 €
• Штутгарт - 1,94 €