Фото: Pixabay
Дали некогаш сте се запрашале кои се најскапите земји во светот? „Мовухаб“ ги искористи податоците од индексот за трошоци за живот за 2018 година од страницата „Нумбео“ и успеа да состави листа со најскапите и најевтините земји за живеење.
„Нумбео“ го создава својот индекс со собирање огромна количина податоци од илјада корисници низ светот кои ги впишуваат потрошувачките цени и трошоците на местата во кои се наоѓаат. Индексот содржи речиси 50 фактори, од оброци во ресторан од средна категорија до членарина во фитнес-сала, шише вино или шолја кафе.
Кога станува збор за животните трошоци во Европа, постои јасна поделба. Државите од Источна Европа се значително поевтини, додека оние во Западна Европа се исклучително скапи. Ако сакате на суперевтин одмор во Европа, тогаш треба да го посетите Балканот. Најевтина земја во Европа е Украина, која е 113. во светот, а потоа следуваат Косово на 109. место и Молдавија на 101. место.
На другиот крај од спектарот, не е изненадување што Швајцарија е најскапа земја во Европа и втора најскапа земја во целиот свет. Пред Швајцарија на табелата е Бермуди, а потоа се Ирска, Норвешка, Бахамите, Луксембург, Данска, Сингапур, Јапонија и Израел.
Животот во земјата на чоколадото, сирењето и планинскиот воздух прилично скапо чини. По истражувањето на веб-страницата „Експат инсајдер“ од 2017 година, Швајцарија е и една од најмалку срдечните земји во светот, па можеби и подобро е да се живее некаде каде што е поевтино и повесело.
Најевтин е животот во Пакистан, Египет, Украина, Тунис, Косово, Грузија, Азербејџан, Бангладеш и во Алжир.
Во истражувањето, Македонија се најде на 93. место од вкупно 115 земји.
ТУКА можете да ја погледнете листата на сите земји.