X
 27.08.2018 Економија

Најскапи и најевтини земји-членки на ЕУ



Цената на стоките и на услугите во Европската Унија значително се разликува од држава до држава, а први се Данска и Луксембург со највисоки цени во минатата година, со дури 41% над просекот на европската заедница.


Данска
(Фото: Pixabay)


По нив следува Шведска со цени за 35% повисоки од просекот, Ирска со 28%, Финска со 23% и Велика Британија со 17% повисоки цени од просекот.

На спротивната страна на скалата – држави со најниско ниво на цени е Бугарија, каде што цените се за 56% под европскиот просек, Романија со 52%, Полска 47%, Унгарија 42% и Литванија, каде што цените се за 40% под просекот во ЕУ.

Како што се наведува на страницата на „Евростат“, Данска е најскапата земја-членка на ЕУ за 2017 година во категориите ресторани и хотели, храна и рекреација и култура.

Ирска е најскапа земја за алкохолни пијалаци и тутун, со 74% над просекот на ЕУ, Луксембург за домување, вода, електрична енергија и гас со 63% над просекот, Грција за комуникации“со 54% и Шведска за облека и обувки со 34%.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија