X
 19.07.2017 Култура

Најдобрите градови во Европа за љубителите на пешачењето

Градови што можете да ги видите пешки, без да треба да изнајмувате некакво превозно средство.

Амстердам, Холандија

Мора да искусите возење по каналот во Амстердам, меѓутоа, пешачењето треба да биде неизоставен дел од вашата тура низ градот. Потребно е да си земете мапа бидејќи улиците знаат да збунат, меѓутоа, градот е одличен за прошетка пешки. Посетете ги трите големи музеи („Rijksmuseum“, „Van Gogh“ и „Stedelijk“), додека куќата на Ана Франк е на 30-минутно пешачење од „Мuseumplein“.

Венеција, Италија

Како Амстердам, секако дека треба да искусите пловење со гондола низ каналите на Венеција, меѓутоа, најдобриот начин да го искусите овој град е ако го прошетате пешки. Треба да знаете дека веројатно ќе се изгубите и ако имате мапа, но тоа е убавината на градот.

Париз, Франција

Да бидеме искрени, Париз е голем град и веројатно нема да издржите да го прошетате пешки, меѓутоа, некои квартови и места може да бидат истражувани со пешачење. Прошетајте по брегот на реката Сена и поминете низ латинскиот кварт.

Даблин, Ирска

Овој главен град е совршен за пешачење. Посетете го прекрасниот парк Св. Стивенс Грин, посетете ги кафулињата и рестораните. За нешто поинтелектуално, посетете го колеџот „Тринити“, особено библиотеката.

Бриж, Белгија

Искрено, Бриж, главниот и најголем град во Западна Фландрија, Белгија, дава чувство како да сте во бајка. Доволно мал и рамен, Бриж е одличен за прошетки и за јадење чоколадо.

Севиља, Шпанија

Лоциран по должината на реката Гвадалкивир, Севиља е рамен град преполн со историја. Плоштадот Мејор е исклучиво пешачки и лудо убав. Плус, со повеќе од 1.000 барови, можете да застанете каде било и да се одморите.

Дубровник, Хрватска

Овој крајбрежен град на Јадранското Море е изграден на рид и е преполн со улици со калдрма, па затоа вреди да го истражувате пешки. Стариот град е опкружен со ѕидови кои прават да се чувствувате како да сте дел од „Игра на троновите“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура