X
 21.09.2018 Култура

Питер Динклиџ: Долго време размислував дали да ја прифатам улогата во „Игра на троновите“

Питер Динклиџ освои награда „Еми“ за најдобар актер во споредна улога во серијата „Игра на троновите“. Тој признава дека се двоумел дали воопшто да прифати да го глуми Тирион, братот на Џејми и Серсеи Ланистер.

Снимањето на последната сезона заврши уште во јули. Серијата прослави многу актери што прифатиле да станат дел од екипата на „Игра на троновите“, но Динклиџ признава дека долго време се двоумел дали да ја прифати улогата.

- Не ми беше познат овој жанр и затоа се двоумев. Не ги имав прочитано книгите и не бев запознаен со комплексноста на ликот Тирион пред да почнам да глумам во серијата. Се двоумев и поради тоа што претходно луѓето со моја висина едноставно не беа премногу интересни - вели тој.

питер
Фото: НВО


Како и другите членови од филмската екипа што завршиле со снимање, и тој тешко се помирил со фактот дека оваа сезона е последна.

- Беше многу тажно. Не само што бев дел од одлична серија туку бев и дел од големо семејство. Пресреќен сум со улогата, апсолутно го обожавам овој лик и приказните што ги раскажувавме - вели Питер.

Премиерата на последната сезона од оваа серија е закажана за 2019 година, иако не е соопштен точниот датум. Серијата освои награда „Еми“ за најдобра драма.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура