Есента почнува на 21 септември, но зимата веќе стигна во некои делови од Европа. Имено, снег падна во неколку земји, меѓу кои и Хрватска, Словенија, Швајцарија и Австрија.
Во Швајцарија, во некои делови имало 25 сантиметри снег, па морала да интервенира и зимската служба. Улиците биле исчистени, но возила останале заробени под снегот.
Биле измерени 25 сантиметри снег на превојот Клаусен.
Се очекува студеното време да се задржи и во наредните неколку дена во Централна Европа.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Facebook