X
 05.12.2020 Живот

Швајцарците го преполовија бројот на заразени со коронавирус и без затворање на земјата

Швајцарија го преполови бројот на новозаразени во рок од неколку недели и покрај тоа што баровите, рестораните и спортските сали во поголемиот дел од земјата се отворени.

Земјата регистрира 10.128 нови случаи на 5 ноември, но бројката драматично падна на 4.312 нови случаи на 27 ноември.

Наместо да спроведе затворање на национално ниво, швајцарската влада во голема мера остави индивидуалните региони да одлучат за рестриктивните мерки.

Додека Женева нареди строго затворање, другите големи центри како Цирих и Берн им дозволија на рестораните, баровите и спортските сали да продолжат да работат.

Швајцарците издадоа само неколку национални рестрикции - вклучувајќи го и ограничувањето на собирање не повеќе од 10 луѓе, затворање на рестораните во 23 часот и задолжително носење  маски на преполни места.

- Специјалниот начин на Швајцарија функционираше. Забавувањето го смени трендот на инфекција. Сега мора да остане вака - вели Томас Штефен, владин медицински советник.

Но, тој истакнува дека каков било успех нема да биде можен ако тешко погодените кантони не усвоеја строги мерки.

- Развојот во изминатите неколку недели е позитивен, но не треба да се залажуваме. Падот на инфекциите првенствено беше забележан во кантоните што претходно имаа голем број случаи. Овие кантони презедоа дополнителни мерки - изјави тој.

Швајцарија има повеќе од 340.000 случаи од почетокот на пандемијата и над 5.000 смртни случаи.

Извор: Nypost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот