Во рангирањето објавено од „Ју-ес њуз & ворлд рипорт“, кое е дел од годишната листа со најбезбедни земји, 15 европски земји се најдоа на првите 25 места.
Швајцарија се најде на прво место, а Норвешка и Шведска се на второ и трето место.
Во извештајот се наведува кои земји моментално се најбезбедни во светот. При подготовката на
извештајот земени се предвид многу фактори и категории, меѓу кои и перцепцијата за криминалот, стапката на убиства, насилни демонстрации и политичка настабилност. Дополнително, дел од факторите се однесуваат на увозот и извозот на оружје, влијанието на тероризмот, можноста за нуклеарно и тешко оружје и други фактори.
Од земјите во регионот најдобро е рангирана Хрватска, која се најде на 28. место. Словенија се најде на 33. место, додека Србија е на 66. место. Нашата земја не беше дел од истражувањето.
На самото дно на листата се Украина, Израел и Либан.
10 најбезбедни земји во светот
1. Швајцарија
2. Норвешка
3. Шведска
4. Австрија
5. Данска
6. Канада
7. Финска
8. Нов Зеланд
9. Австралија
10. Белгија
Фото: Freepik