Животниот век се зголемува на глобално ниво - луѓето родени во 2016 година во просек ќе живеат седум години повеќе од оние родени пред 25 години.
Животниот век е просечниот број на години на едно лице што ќе ги живее врз основа на неговата возраст, пол или земја. „Глобалното бреме на болести“ го пресметува очекуваниот животен век со користење на стапките на морталитет во земјата низ групите со одредена возраст.
Очекуваниот животен век може да варира кај луѓе од различна возраст бидејќи се пресметува како бројот на години што лицето би ги живеело доколку стигне до одредена возраст.
На пример, девојче родено во 2017 година во Македонија ќе живее до 79-тата година, додека жената што моментално има 65 години ќе живее до 81 година. Нејзиниот животен век е поголем бидејќи таа веќе стигнала до 65 години и со тоа има поголема веројатност да живее уште 20 години.
Податоците зад калкулаторот се од Истражувањето за глобално бреме на болести за 2016 година.
„Колку од вашиот преостанат живот ќе биде здрав“ се пресметува од бројот на години што од една личност се очекува да ги живее во добро здравје, земајќи го предвид инвалидитетот.
Резултатите претпоставуваат дека стапките на смрт и инвалидитет остануваат константни во текот на останатиот дел од животот на една личност, па затоа не се земаат предвид за какви било научни достигнувања и подобрувања во медицинските третмани.
Според калкулаторот, Македонија се наоѓа на 126. место од вкупно 198 кога станува збор за животниот век, а се наоѓа на последното место во Европа (од вкупно 44 земји).
Земјата со највисок животен век е Јапонија, со 89 години, додека земјата со најнизок животен век е Централната Африканска Република со 79 години.
Просечниот животен век во светот е 84 години.
ТУКА можете да го пресметате вашиот животен век.