X
 22.06.2017 Економија

ЕУРОСТАТ: Македонија меѓу најевтините земји во Европа!


Зеленчук во супермаркет
(Фото: Pixabay)

ЕУРОСТАТ ги објави резултатите од истражувањето на цените на храната, пијалоците, тутунот и сместувањето во 28 земји од ЕУ, во три земји од ЕФТА (Исланд, Норвешка и Швајцарија), пет земји кадидатки за членство (Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија и Турција) и еден потенцијален кандидат за членство – БИХ.

Најскапата храна во Европа  се наоѓа во рестораните и продавниците во Данска, додека најевтино се хранат Македонците. Истражувањето покажа и дека хотелите и рестораните во Хрватска се околу 29 проценти пониски од европскиот просек, но во таа категорија, никој не може да се мери со ниските цени на сместување во Црна Гора, бидејќи таму цените се двојно пониски во споредба со повеќето европски земји.

Храна, тутун, алкохолни и безалкоолни пијалоци


Во група од 37 земји кои учествуваа во истражувањето, Швајцарија е најскапа земја во поглед на храната, Норвешка за безалкохолни пијалоци и тутун, а Исланд за алкохолни пијалоци.

Ако се земат предвид само земјите-членки на ЕУ, тогаш Данска е убедливо најскапа земја за храна и безалкохолни пијалоци. Финска има највисоко ниво на цени за алкохолни пијалоци во ЕУ, додека Велика Британија е најскапа за тутун.
 
Но, во рамките на генералната група, Македонија од сите земји е најевтина во сите четири категории, додека меѓу земјите- членки најниски цени на храна има Полска, за безалкохолни пијалоци – Романија, а за алкохол и тутун – Бугарија.

Леб и житарки, месо, риба, јајца и млечни производи

Резултатите од истражувањето исто така овозможуваат и увид во различни подгрупи производи во сите земји-учеснички. Данска е најскапа кога се работи за цените на лебот и житарките. Швајцарија има највисоко ниво на цени за месо и риба, Норвешка за млечни производи, а Кипар за јајца. Од друга страна, Романија е најевтина во поткатегориите леб и житарки, Полска за месо и млечни производи, додека Македонија има најниски цени за риба.

Масло и масти, овошје, зеленчук, компир и останати прехранбени продукти

Најниски цени на масло, масти, овошје, зеленчук и компир се забележани во Македонија, а останатите продукти во Полска. Највисоки цени во речиси сите овие категории се регистрирани во Швајцарија, освен неколку од нив кои се највисоки  во Норвешка.
 
Облека и обувки

Облеката и обувките се најевтини во Турција, а најскапи на Исланд. Ниски цени на овие производи во споредба со останатите земји, имаат и БИХ, Србија, Бугарија, Полска, Унгарија и Македонија.

Извор: ЕУРОСТАТ
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија