X
 19.10.2015 Култура

Фројд: Првиот знак за глупавост кај човек е отсуството на срам

Сигмунд Фројд е еден од најконтроверзните научници на 20-от век. Неговиот придонес за психологијата е огромен, особено со неговите две откритија: тој ја разоткри мистеријата на човечкиот сон и пронајде универзален клуч за човечката потсвест.

Во продолжение прочитајте некои од најмудрите цитати на Сигмунд Фројд.

- Кучињата ги сакаат своите пријатели и ги касаат своите непријатели сосема спротивно од луѓето кои не се способни за чиста љубов и кои секогаш ја мешаат љубовта со омразата.

- Идеалната, вечната љубов, чиста од омразата, постои само меѓу зависноста и дрогата.

- Неврозата е неспособностт да се толерира нејасноста.

- Колку е побеспрекорен човек од надвор, толку повеќе има демони во него.

- Никогаш не сме поизложени и поранливи од моментите кога сем заљубени и никогаш не сме толку безнадежно несреќни тогаш кога ја губиме љубовта.

- Првиот знак за глупавоста на човекот е целосното отсуство на срам.

- Децата се егоистични: силно ги чувствуваат своите потреби и немилосрдно се борат да ги задоволат.

- Луѓето се поморални отколку што мислат, а понеморални отколку што можат да замислат.

- Поголемиот дел од она што е внатре за нас е несфатливо, а она што е препознатливо е реално.

- Секој нормален човек всушност е само делумно нормален.

- Ако сте му простиле на човек се', тогаш значи вие засекогаш сте завршиле со него.

- Времето поминато со мачките никогаш не е залудно потрошено време.

- Против секој човек можете да се браните, но против пофалбата останува немоќен.

- Ние повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката, отколку да се сретнеме со радоста.

- Во моментот кога човекот започнува да се сомнева во неговиот живот и вредноста, тој станува болен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура