Маргарет Тачер е една од најмоќните жени во историјата на човештвото. Таа 11 години беше премиер на Велика Британија и е првата и единствена жена што некогаш ја зазела таа позиција.
Ова се некои од нејзините мудри мисли и цитати што ѝ помогнале да го воспостави нејзиното наследство.
- Жена со силна волја се нарекува злобна; маж со силна волја се нарекува моќен.
- Пораз? Не го препознавам значењето на овој збор.
- Секоја жена што ги разбира проблемите со водење домаќинство ќе биде поблиску до разбирање на проблемите со водење на државата.
- Можеби петелот кукурига, но кокошката е таа што ги несе јајцата.
- Ако сакаш нешто да биде кажано, прашај маж; ако сакаш нешто да биде завршено, прашај жена.
- Можеби ќе треба да водиш една битка повеќе пати за да победиш.
- Домот треба да биде центарот, но не и границата на животот на жената.
- Вреди да се познава непријателот бидејќи некогаш ќе имаш можност да го претвориш во пријател.
- Не може да има слобода освен ако не постои економска слобода.
- 90 отсто од нашите грижи никогаш не се случуваат.
- Жените се многу подобри во кажувањето „не“ отколку мажите.
- Не мора да се согласуваш со некој за да најдете заеднички основи.
Извор:
Brightside
Фото: Wikipedia