Давајќи пресек на духовното и материјално богатство во неговата богата историја од илјада години постоење, од денеска до 28 ноември во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата „1.000 години Бигорски манастир“. Изложбата е реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и Ансамблот „Македонија“.
Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век - митра, игуменски крст, епетрахил, жезол, рипиди со серафими и многу други работи.
фото: Официјална страница на Музејот на македонската борба за самостојност