X
 08.06.2015 Живот

Уникатна изложба на Пивара Скопје - "Уметност и пиво"



„Задоволни сме и горди што имаме можност со јавноста да ја споделиме страста на луѓето во Пивара Скопје кон уметноста. Таа јасно се гледа преку желбата да се собере можеби највредната колекција на уметнички дела од еминентни македонски сликари, како и во секојдневната посветност да се произведе и на целата нација да ѝ се понуди совршено освежување со најдобрите пива. На овој начин уште еднаш докажуваме дека Пивара Скопје поседува чувство и работи на зачувување на вистинските вредности значајни за заедницата на која ú припаѓа“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ, на отворањето на овој оригинален проект наречен „Уметност и пиво“.

Поставката содржи 30-тина оригинални уметнички дела потпишани од автори како Личеноски, Мартиноски, Мазев, Наумовски, Чемерски, Корубин и други. Истата претставува само дел од една од најголемите приватни уметнички колекции во земјава, која брои 116 слики.



„Се работи за навистина импозантен приказ на творештвото на втемелувачите на современата македонска ликовна уметност, како и на најреномираните претставници на средната генерација академски сликари од Македонија. Овие дела имаат бесценета уметничка вредност и огромно значење за нашето културно наследство, што дава посебна тежина на грижата на една компанија, како Пивара Скопје, и на нејзиниот напор да ја препознае оваа вредност и соодветно да вложи во нејзиното зачувување и афирмација“, изјави Мирјана Талеска, кустос советник во Националната галерија на Македонија.

Во изложбата од препознатливи македонски пејзажи и богати колорити на делата од големите мајстори, совршено се вклопени и артефактите кои сведочат за деветдецениската историја на Пивара Скопје, како и иновативен приказ на правењето пиво како оригинална уметност и култура на живеење.



„Пивара Скопје исто така креира уметност. Уметноста на правење пиво е во срцето на нашето постоење“, вели Кирчо Стојанов – менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје и додава: „Исто како и големите сликарски мајстори, суштината на уметноста на правење пиво лежи во начинот на кој ќе ја ставиме во функција природата и нејзините убавини, употребувајќи го целокупното наше знаење и вештини. Во нашиот занает тоа значи да се пронајде совршената комбинација на четирите природни состојки кои му даваат живот на најдоброто пиво – водата, јачменот, хмељот и квасецот“, дециден е еден од најискусните пивски мајстори не само во земјава, туку и пошироко.

„Порта Македонија“ ќе биде домаќин на изложбата „Уметност и пиво“ на Пивара Скопје за сите заинтересирани посетители во перидот од 10-ти јуни до 10-ти јули оваа година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот