X
 10.08.2018 Култура

Орбан против Фрида поради „промовирање комунизам“!



По шеесет и четири години од смртта, прочуената сликарка Фрида Кало стана мета на критиките во Унгарија.

Провладиниот весник „Маџар идок“ ја критикуваше популарната изложба на нејзините дела во Унгарската национална галерија во Будимпешта поради „промовирање комунизам“.


Фрида Кало, цртеж
(Фото: Pixabay)


Критиката следуваше како дел од пошироката национална дебата за културата и културната политика откако унгарскиот премиер Виктор Орбан го освои третиот последователен мандат во април, пишува „Ројтерс“.

Симпатизерите на Орбан наведуваат дека сега е време да се направи пресврт во културата на конзервативните вредности и да му се стави крај на она што тие го нарекуваат доминација на левичарските либерални уметници.

Во статијата од 14 јули во „Маџар идок“ се вели дека изложбата на Фрида Кало е промоција на комунизам со државни пари.

Во тој контекст весникот ја споменува изложбата на Фрида Кало заедно со автори и изложби во уште неколку галерии.

„Нема да верувате, но Троцки повторно се појави во Будимпешта, овој пат од креветот на Фрида Кало“, пренесува весникот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура