X
 20.02.2020 Живот

Калифорнија ќе обезбеди 300 згради за бездомниците

Американската држава Калифорнија ќе обезбеди речиси триста од зградите во државна сопственост за бездомници, изјави гувернерот Гавин Њусом.

Њусoм, кој е од Демократската партија, голем дел од својот годишен говор го посвети на состојбата на државата, на законодавството што ќе помогне во решавањето на кризата со бездомниците.

Бројот на бездомници во Калифорнија достигна 151.000 минатата година (16 отсто од популацијата во државата).

Гувернерот на Калифорнија вети дека ќе потроши дополнителни 750 милиони долари оваа година за заштита на бездомниците. Тој истакна дека повеќето бездомници се психички болни и дека решавањето на здравствените проблеми е дел од решението за кризата со бездомниците.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот