Градот Монпелје во Франција донесе одлука со која сите нови проекти за изградба на станови мора да вклучуваат некаква уметност. Со тоа градот ќе биде прв во земјата, а веројатно и во светот, кој наложува да се внесе уметност во процесот на архитектонски дизајн.
Целта на властите е да го претворат градот во музеј на отворено со тоа што ќе направат модерната уметност да стане дел од секојдневието на жителите.
Според новото правило, секоја нова зграда треба да вклучува уметност која треба да биде одобрена од задолжен комитет. Минималната вредност на уметничкото дело треба да изнесува 10.000 евра.
Нема ограничување за форматот, па така може да се постават скулптури, фрески или друга уметничка инсталација. Според регулативата, до 2026 година би требало да се забележат уметнички дела во новите згради.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay