Брачен пар од Пало Алто на возраст од околу 60 години имал прилично изненадувачко будење во неделата вечерта. Маскиран натрапник стоел во нивната соба. Иако многу нешта можеле да тргнат наопаку во тој момент, натрапникот само го прашал парот дали може да го користи нивното Wi-Fi.
Нормално, сопствениците на домот го одбиле неговото барање. Мажот рипнал од креветот и го соборил натрапникот пред да ги повика властите.
Неколку минути подоцна натрапникот бил уапсен. Никој не бил повреден.
Што е уште почудно, ова не била првата ваква конфронтација од ваков вид на 17-годишниот осомничен. Полицијата од Пало Алто истакна дека тој се обидел да краде интернет и претходната вечер во друг дом во Пало Алто. Според полицијата, кога сопствениците му се спротивставиле, тој побарал да се приклучи на нивното Wi-Fi бидејќи останал без интернет.
Луѓето му рекле да си оди и тој си заминал на велосипед за кој подоцна се освестиле дека бил украден од нивниот двор.
Сега човекот се соочува со неколку обвиненија, но не е јасно дали ќе биде обвинет за кражбата на
велосипедот.