X
 20.02.2024 Живот

Дали сте подготвени да прегрнете робот?

Прегрнувањето со близок човек е биде моќно, позитивно емотивно искуство. Докажано е дека прегратките ги подобруваат социјалните врски и емоционалната благосостојба и ги намалуваат чувствата на осаменост и депресија.

Исто така, може да го намали стресот и да ги подобри физичко и психичко здравје.

Сепак, не секој може да добие прегратка кога му треба. Некои луѓе се осамени и немаат со кого да се прегрнат. Други можеби се во врска на далечина, па не можат да воспостават физички допир. Постарите луѓе што останале без партнер, а не сакаат да влезат во нова врска, може да немаат кого да прегрнат.

Како може да се реши овој проблем?

Една идеја што ја предложија научниците е развој на друштвени роботи кои можат да ги гушкаат луѓето. Овие роботи може да им помогнат на осамените луѓе така што ќе ги прегрнуваат.

Сепак, дизајнирањето робот за гушкање кој ќе биде прифатен и ќе води до позитивни емоции и намален стрес не е лесна задача за научниците. Така, на пример, ако роботот е многу голем и направен од метал или има изглед што предизвикува воен контекст, луѓето можеби ќе се плашат од него и гушкањето на овој робот кај нив нема да предизвика среќа. Затоа, потребно е психолошко истражување за да се дизајнира добар робот за гушкање.

Ново истражување се фокусира на развојот на „Мофили-II“, нов робот за гушкање, развиен врз основа на „Мофили“, претходен робот за гушкање. „Мофили-II“ изгледа како големо, кадифено мече и е покриен со меко крзно. Она што е важно е дека овој робот може да ги движи рацете за да изведува различни гестови за време на прегратката. Кога двајца луѓе се гушкаат, тие често прават конкретни работи со рацете, како што е тапкање на личноста по грбот, за да сигнализираат сочувство. Важно е роботот за гушкање да може да прави слични гестови за прегратката да биде реална.

Гестовите прават разлика


„Мофили-II“ може да изведува различни гестови. Волонтерите што се гушкале со овој робот почувствувале дека тој е попријателски и побезбеден ако прави гестови.

Наодите од истражувањето покажуваат дека е можно да се дизајнира робот во кој луѓето ќе уживаат додека го гушкаат. Потребни се повеќе истражувања за да се усоврши дизајнот на роботите за гушкање, а за некои луѓе идејата да гушкаат робот наместо вистинска личност секогаш ќе биде малку непријатна. Сепак, и покрај таквата загриженост, роботите за гушкање ветуваат дека ќе ја зголемат благосостојбата на луѓето што се осамени - вклучувајќи ги луѓето во домовите за стари лица кои се борат со деменција или други проблеми што ги спречуваат да имаат многу социјални контакти.

Извор: Psychologytoday.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот