Сме виделе како роботи работат разни работи, а сега еден вешт робот се користи во САД за да лекува пациент заразен со коронавирус.
Пациентот е маж во 30-тите години од животот, кој отишол во болница затоа што верувал дека има симптоми на коронавирус. За жал, таа дијагноза и му била поставена минатата недела.
Пациентот неодамна бил во Вухан, Кина, и се загрижил за симптомите. Лекарите го ставиле во изолација, а медиумите пренесоа дека е во стабилна состојба.
Па, од каде робот во оваа ситуација? Всушност, улогата на роботот е многу важна бидејќи тој би требало да го штити медицинскиот персонал преку ограничување на неговата изложеност на
вирусот.
Опремен со стетоскоп, роботот „го прегледува“ пациентот и ги испраќа информациите до лекарите, кои не се во собата со пациентот.
- Негувателите во собата го движат роботот наоколу за да можеме да го видиме пациентот на екран и да зборуваме со него - истакнува лекарот Џорџ Дијаз од Вашингтон.
Покрај тоа што е во стабилна состојба, пациентот сѐ уште е во болница. Медицинските професионалци наредиле дополнителни тестирања за пациентот. Тие тестирања треба да покажат дали човекот сѐ уште е заразен.
Во меѓувреме, здравствените службеници комуницираат со 43 лица за кои се смета дека се „блиски контакти“ на пациентот. „Блиски контакти“ се оние што можеби се нашле на 1-2 метри од заразениот пациент. Сите такви контакти ќе бидат контактирани на дневна основа и активно ќе бидат следени за да се види дали кај нив има знаци на заразеност со вирусот.