X
 14.08.2024 Технологија

Роботска риба плива во швајцарско езеро - ќе биде пуштена и во океан

Иако се оддалечени околу 400 километри од морето, студентите по машинство на швајцарскиот универзитет ETХ Цирих напорно работат на најсовремени роботи кои би можеле да го променат начинот на кој се проучуваат светските океани. Ева, роботската риба, ја замавнува силиконската опашка и без напор се плива низ студената вода на Циришкото Езеро, каде што научниците го тестираат проектот „Сурф-еДНК“.

Имено, студентите веќе две години прават и тестираат јато роботизирани риби - од кои Ева е последната.

-Ева изгледа како риба за да биде што е можно минимално инвазивна во екосистемот што го истражуваме. Нејзиниот дизајн не треба да ги плаши другите риби - изјавил Денис Бауман од ЕТХ Цирих.

Автономното подводно возило (АУВ) Ева, има камера за снимање под вода, сонар за избегнување пречки и филтер за собирање на ДНК. Научниците потоа можат да ја секвенционираат ДНК, за да видат кои видови живеат во тој екосистем.

Експертите сè повеќе користат такви уреди за истражување на океаните. На пример, стартапот „Акуаии“ со седиште во Калифорнија, создал дронови слични на риба-кловн, кои можат да собираат информации како што се нивото на кислород, соленоста и pH-вредноста.

-Сакаме да направиме сигурна алатка за биолозите. Можеби на тој начин помалку видови ќе исчезнат или ќе бидат загрозени - заклучил Бауман.

Извор: index.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија