X
 20.04.2018 Технологија

Божидар Полдругац, технички директор во Вип: Вип има холистички пристап кон дигиталната трансформација

Како дел од „Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан“, на кој учествуваа членови на владите на земјите од Западен Балкан, претставници на Европската комисија, Советот за регионална соработка, претставници на ИТ-индустријата и бизнис-секторот, како и претставници на академската заедница и младите, за дигиталната трансформација и идните планови на Вип говореше и Божидар Полдругац, технички директор во Вип.



Подготвени ли сме за дигитална трансформација?

Како компанија од телекомуникацискиот сегмент, многу сериозно ѝ приоѓаме на темата за дигитална трансформација и на неа не гледаме само како на технички процес туку имаме холистички пристап, постојано одговарајќи на прашањето што дигиталната трансформација всушност значи за нашите сегашни и идни корисници. Дигиталната трансформација е познавањето и разбирањето на социјалните трендови, разбирање на динамиката на секојдневието, навиките, барањата и потребите на корисниците. Дигиталната трансформација е секако предизвик. Како планираме да ја овозможиме во општеството? Според статистиките со кои располагаме, Македонија е над светските бројки што се однесуваат на интернет-пенетрација и мобилна поврзаност. Имајќи го предвид овој факт, јасно е дека сме подготвени за дигитална трансформација. Трендовите во техниката и технологијата ќе ни помогнат да се движиме во вистинскиот правец, но сепак тоа не е само технологија, туку многу повеќе. Кога дискутираме на нашите состаноци во компанијата, се прашуваме што е тоа што сакаме да им го испорачаме на нашите корисници? Светските статистики покажуваат дека 81% од корисниците истражуваат онлајн и сакаат да бидат максимално информирани пред да ја донесат одлуката за купување, а 51% од милениум-генерацијата признаваат дека нивниот живот се одвива преку мобилна комуникација. И на крајот, повеќе од половината од корисниците сметаат дека ние, како компании од телекомуникацискиот сегмент, ќе ги пресретнеме нивните комуникациски потреби. Сите овие податоци ни кажуваат колку сме созреани за дигитална трансформација и колкава е всушност потребата од неа.

Како Вип овозможува или ќе овозможи дигитална трансформација?

Како дел од А1-групацијата со голем број операции во регионот и во светски рамки, тоа што е примарно за сите нас е интерна дигитална трансформација. Мораме да се трансформираме прво самите ние и да понудиме ново дигитално корисничко искуство. Ова е множество на маркетинг-автоматизација и дигитализација на грижата за корисници, бидејќи научивме дека потребите на корисниците се менуваат динамично и свесни сме дека и ние треба да се менуваме за да ги пресретнеме нивните очекувања. Тука станува збор за процеси и роботизација и затоа прво треба да ги подобриме внатрешните процеси, особено оние што се однесуваат на испорака на услугите. И на крај, тука станува збор и за добро познатите дигитални продукти што се однесуваат на комуникација и забава, како и мултимедијални продукти кои, секако, во блиска иднина сакаме да станат дел од нашето портфолио. Значи, доста сеопфатно портфолио, доста сеопфатен бизнис-план стои зад оваа слика и сето ова ни покажува што ќе биде нашиот приоритет во наредниот период. Можностите се големи, го избираме вистинскиот начин за да ги исполниме очекувањата на нашите корисници и затоа се одлучивме да се фокусираме на дигитализација на основните кориснички интеракции.

Имено, се фокусираме на услуги како што е e-commerce, со што дефинитивно сакаме да го поедноставиме користењето на услугите преку нашата веб-страница и да овозможиме користење на уште повеќе операции. Следна е грижата за корисници преку дигитални канали (digital self care), со што ќе им овозможиме на нашите корисници полесно управување на услугите, самите да пронајдат што е нивни интерес, самите да ја изберат услугата што им е потребна, и тоа на повеќе можни начини. На крајот, сакаме да овозможиме персонализирани дигитални кориснички услуги без разлика на каналот преку кој се одвива интеракцијата со корисникот (omni-channel approach).

Тоа е она на што работиме во моментов и убедени сме дека со новите технологии и нашиот нов пристап во работењето ќе овозможиме поедноставно, побрзо и подобро корисничко искуство и ќе бидеме уште еден чекор поблиску до оние корисници на кои оваа дигитална трансформација им е важна во секојдневниот живот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија