Вработените во Вип повторно ја покажаа својата хуманост и одлучија да ги збогатат новогодишната магија и празничното расположение за децата згрижени и поддржани од СОС Детско село и за децата без родителска грижа згрижени во Домот за деца “11 Октомври” во Скопје.
Сите вработени од сопствени средства донираа подароци со кои ги израдуваа дечињата сместени во овие институции убедени дека заедничкото делување е еден од начините да се создаде подобро утре за општеството во кое сите живееме и делуваме.
Играчките беа доставени лично од вработените на Вип до над 200 деца во СОС Детско село на возраст од 3 до 18 години и до 50 деца на возраст од до 14 години сместени во Домот за деца без родителска грижа “11 Октомври”.
Уверени во јасната определба на компанијата да вложува во заедницата каде што работи и живее, Виповци уште еднаш покажаа дека секој може да направи нешто повеќе, особено за најмладите.
Напомена: Фотографиите во прилог се одобрени од двете институции и се во согласност со правилата за заштита на децата.